ЛОНДОН — Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна на лондонскиот аеродром „Хитроу“, со што ја почна официјалната посета на Велика Британија.
Во ВИП-салата на аеродромот, Вселенскиот патријарх бил пречекан од Архиепископот на Тијатирската и Велика Британија Никита, заедно со свештенослужители од неговата епархија.
На пречекот присуствувал и амбасадорот на Грција во Обединетото Кралство, Јоанис Цаусиас, кој ја претставувал грчката држава.
Според најавената програма, Вартоломеј во текот на посетата ќе има средби со припадници на грчката дијаспора, црковни претставници и претставници на локалните власти.
Во програмата е предвидена и средба со британскиот крал Чарлс.

