Ставре Џиков открил манастир во Македонија со име Свети Ерусалим

Date:

Share post:

Манастир Свети Ерусалим во Македонија е насловот на новата книга на Ставре Џиков во која, како што вели, има можност да го претстави постоењето на овој непознат манастир пред Македонија и светот. Според сознанијата до кои дошол тој се наоѓал во Пеленица, драчевско, таму каде што сега постои манастир Преполовение-Руса Среда, кој сега се нарекува само Преполовение, за кој, условно речено, мисли, дека е наследник на манастирот Свети Ерусалим.

Свештениците, историчарите, археолозите, нагласува Џиков во книгата, треба да ги раскажат времињата на постоењето на манастирот „Св. Ерусалим”.

-Тие треба да ја збогатат приказната за духовното светилиште „Св. Ерусалим”. Манастирот „Св. Ерусалим” на православниот македонски народ непрекинато, му се обраќа многу векови, зрачи со христијанска порака од светиот град Ерусалим во нашата татковина Македонија. Пораките се до нас Македонците, до сите христијани и до сите добронамерни луѓе – пишува авторот.

Тој во разговор за МИА вели дека до оваа приказна која ја раскажува во најновата книга дошол сосема зачудувачки, неочекувано, кога пред празникот Велигден годинава бил на средба кај архиепископот, господин господин Стефан, кому му подарил две книги. Едната „Македонија и Македонците во Библиското срце“ и втората, „Јасновидец“. Кога си одел од средбата, се запознал со ипоѓаконот Стево Миланов, кому неколку дена потоа на негово барање му подарил неколку книги. Тогаш тој му рекол оти „има сознание дека во Македонија имаме манастир Свети Ерусалим“.

Џиков бил вчудоневиден, бидејќи, како што вели, дотогаш, иако „имал прошетано голем дел од етничка Македонија никаде не сретнал, ниту некој му спомнал манастир со вакво име“.

– Но, овој податок ме изненади бидејќи јас Македонија, зборувам етничка Македонија горе долу сум ја прошетал. Не сум чул за тоа, не сум видел, никој не ми споменал, ниту во цркви, ни во манастири… Го прашав дали на тоа го упатува некој артефакт или некоја документација. По три дена тој ми донесе документ, вели Џиков и потенцира дека тоа му било појдовна точка за истражувањето и за пишувањето на оваа книга

Имав, вели, појдовна документарна точка на истражување, по што бил на повеќе места на кои мислел дека би можел да најде некои информации.

-Но, никаква документација не најдов за приказната за манастирот Ерусалим. Бев во НУБ „Климент Охридски“, во библиотеката „Браќа Миладиновци“, на Филозофски факултет во библиотеката по историја, секаде што мислев дека треба да проверам. Ништо не најдов. Што ми преостана? Ми преостана Библијата, но, бев и на терен. Значи, не само од читање и од слушање. Така дојдов до едно големо откритие, од кое позитивно се вознемирив. Да не речам по 24 часа работев на ова истражување, ден за ден. Барав литература по интернет, наоѓав интересни теолошки теми, ретки, и ги прибирав, нели, како истражувач. Преку ова мое истражување ја покажувам духовната, конкретна врска на градот Ерусалим и Македонија со тој манастир Свети Ерусалим, вели Џиков за МИА.

Потоа отишол во Драчево, каде се претпоставува дека постоел манастир Свети Ерусалим. Во тамошната црква Свети Спас се запознал со старешината отецот Гоце Димитриевски и со клисарот со кои разговарал за оваа тема и дали им се познати некои детали, на што добил потврден одговор.

Како што пишува тој во книгата, во 1936 година, жителите на Драчево изградиле капела посветена на Свети Ерусалим, а Пеленица ја прогласиле за манастир. Интересен запис од 1950 година, вели дека внатре во малата капела, бил пронајден крст на кој пишувало дека на 6.3.1936 година извесен Светозар Горѓевиќ од село Пагаруша го подарил на манастирот Свети Јерусалим.

-Според усно сведоштво на протоереј Гоце Димитриевски, старешина на храмот „Св. Спас” во Драчево, во катастарски документи од 1957 година стои името „Свети Ерусалим”. 1995 лето Господово, Драчево, Скопје, Репуб-лика Македонија. Државен документ: Република Македонија, Републичка геодетска управа Одделение за премер и катастар, број 1203/1674 од 2 февруари 1995 година, Поседовен лист, препис извод број 469, Катастарска општина Драчево. Поседовниот лист гласи на име: „Манастир Св. Еерусалим”, Драчево. Манастирот се наоѓа во местото викано „ПЕЛЕНИЦА”, на парцелите: 7458 и 7581, co имот: верски згради, пасишта и шума. Поседовниот лист има прилог Катастарски план потпишан од Ристески Боро, дипломиран геодетски инженер. Местото прикажано со План-скица на местото викано „Пеленица“, со свети-лиште манастир „Св. Ерусалим” и со неговиот имот, што се граничи со к.о. Батинци и к.о. Дол-но Количани, пишува во книгата.

Двата цитирани документи историски, додава Џиков, државно и црковно посведочуваат, потврдуваат за постоењето на христијанскиот манастир „Св. Ерусалим”, кој го слави и велича светиот град Ерусалим во име на Исус Христос, Премудрос Божја, во нашата татковина Македонија.

Останува, додава авторот, свештениците, историчарите, археолозите да ги раскажат времињата на постоењето на манастирот „Свети Ерусалим”.

Дали навистина таму се наоѓал ваков манастир, според авторот на оваа книга, последниот збор треба да го кажат свештениците, историчарите и археолозите.

На Википедија може да се најдат податоци за древно археолошко наоѓалиште Љубуш, кое е на само 3 километри југозападно од Драчево, во близина на реката кај Пеленица, но не се знае дали би можело да има врска со ваквите сознанија и ставови на авторот Џиков.

-Таму се откриени темели на две ранохристијански цркви во форма на ротонди од римско време. Историски, ваквите кружни цркви (ротонди) во ранохристијанскиот период биле градени по примерот на најпознатата ротонда во светот – црквата на Светиот Гроб во Ерусалим, се вели во податоците на Википедија.

Според нив, Љубуш е археолошко наоѓалиште кое се состои од старохристијански ротонди. На еден зарамнет врв во близината на утоката на Пеленица во Маркова Река, оддалечен 3 километри југозападно од селото Драчево, има остатоци од римско утврдување чии одбранбени ѕидови го опкружуваат целото плато големо околу 1,5 хектар. Откопани се темели од повеќе градби меѓу кои и темели од две цркви ‡ ротонди. Според Ф. Месеснел, едната имала пречник повеќе од 10 метри и под покриен со мозаик, организиран во повеќе правоаголни полиња. Од мотиви во полињата на мозаикот се присутни рибини лушпи, крстови, плетенки како бордури и раскошен кантарос од кој излегуваат бршленови ластари со лисја, пишува на Википедија.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img