Јаневска се повлекува по критиките од Епископот Јаков – програмата за сексуално образование ќе биде повлечена, а најави и „длабока ревизија“

Date:

Share post:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека ја повлекува програмата за предметот сексуално образование и најави нејзина детална ревизија, откако отвореното писмо на епископот Јаков предизвика остри реакции во јавноста.

Јаневска денеска информираше дека програмата ќе биде повторно разгледана за да се утврди дали содржи делови кои можат да предизвикаат забелешки.

„Ја повлековме програмата и предметот и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста“, изјави Јаневска.

Таа посочи дека заедно со Бирото за развој на образованието детално ќе ја анализираат наставната програма, која, според неа, опфаќа теми поврзани со семејството, превенцијата од сексуално преносливи инфекции, заштитата од несакана бременост, родовата рамноправност и недискриминацијата.

Изјавата на министерката доаѓа по отвореното писмо на епископот Јаков, кој остро ја критикуваше Јаневска и начинот на кој се предлага воведување на содржини од областа на сексуалното образование во училиштата.

Критиките отворија поширока јавна дебата за тоа какви содржини треба да им се предаваат на учениците, на која возраст и со каква улога на родителите и семејството.

Јаневска денеска сепак оцени дека постојат научни докази оти сексуалното образование може да има позитивен ефект врз младите, особено во периодот кога тие се соочуваат со прашањата опфатени со предметот.

Таа појасни дека предметот бил предвиден како изборен, односно учениците немало да бидат обврзани да го изучуваат, туку самите би можеле да изберат дали ќе го следат.

„Должност на министерот за образование и наука е да ги слушне сите што имаат какви било коментари за образовниот систем“, посочи Јаневска.

По најавената ревизија треба да стане јасно дали предметот повторно ќе биде понуден во средните училишта и, доколку биде понуден, во каква форма и со каква наставна програма.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img