Митрополит на СПЦ доби кривична пријава за величање на Ратко Младиќ

Date:

Share post:

Подгоричкото Вишо државно обвинителство формирало предмет против митрополитот Методиј поради сомневања за наводно „предизвикување национална, расна и верска омраза“.

Од обвинителството, со кое раководи Душко Милановиќ, потврдиле за црногорскиот весник „Вијести“ дека е формиран предмет, а повод се зборовите на митрополитот за време на беседата во Пивскиот манастир на 28 август.

Зборувајќи за односот на српскиот народ кон Ратко Младиќ, митрополитот Методиј тогаш кажа дека народот во него „ги препознал сите оние прекрасни и свети одлики на српските воини и витези“.

„Нека Пресветата Мајка Божја, чие Успение го прославуваме, ја вознесе и неговата душа меѓу сите свети српски витези, прочуениот генерал Ратко“, рече митрополитот.

По литургијата во Пивскиот манастир бил извршен и помен за „новопреставениот слуга Божји генерал Ратко Младиќ“, за што известила Будимљанско-никшиќката епархија.

Новиот предмет не е прв случај митрополитот Методиј да се најде во фокусот на црногорското обвинителство поради свои јавни настапи.

Вишото државно обвинителство во Бијело Поље неодамна ги отфрлило двете кривични пријави против митрополитот, поднесени поради неговите беседи од минатата година во кои зборувал за Павле Ѓуришиќ.

Едната пријава се однесувала на неговата беседа во манастирот Подмалинско, а другата на беседата во Горњи Заостро, каде што претходно бил поставен, а потоа отстранет споменик на Ѓуришиќ.

И во тие случаи било постапувано поради сомневања за „предизвикување национална, расна и верска омраза“, но пријавите на крајот биле отфрлени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img