Со Света Божествена Литургија и молебен за благословен почеток на новата учебна година, во храмот „Свети Наум Охридски“ во Делчево беше одбележан почетокот на новата учебна година.
Литургијата ја предводеше епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение со свештенослужители од Делчевско-каменичката епархија и ереј Марко Здравевски од Скопската епархија.
По завршувањето на Литургијата беше отслужен молебен, на кој присуствуваа ученици, родители и наставници.
Заедничката молитва беше посветена на Божји благослов и успешна учебна година, со молитви за здравје, мудрост, напредок во науките и успех на сите ученици во годината што претстои.







