По две различни формулации во рок од само неколку часа, Српската Православна Црква во последната верзија на текстот за конференцијата во манастирот Манасија конечно го наведе името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија токму така како што е нејзиното официјално име.
Во најновата верзија на текстот на официјалниот сајт на СПЦ сега стои: „Македонске Православне Цркве – Охридске Архиепископије“.
До оваа формулација СПЦ дојде откако Religija.mk во два наврати укажа на различните именувања во официјалниот текст.
Во првата верзија МПЦ-ОА беше наведена како „Православна Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“, формулација која веднаш привлече внимание бидејќи ја враќаше ознаката „Православна Охридска Архиепископија“, односно името со кое СПЦ со години ја означуваше својата црковна структура во Македонија.
По пишувањето на Religija.mk, текстот беше изменет, но тогаш се појави нова формулација – „Православна Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“. Така, и во втората верзија остана зборот „Православна“ пред „Македонска Православна Црква“.
И на оваа формулација укажа Religija.mk, по што следуваше нова корекција.
Во третата верзија веќе стои едноставно и прецизно: „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“.
По текстот на Religija.mk, СПЦ го смени името на МПЦ-ОА, но повторно се појави нова формулација
Така, по две корекции и две пишувања на Religija.mk, СПЦ во третиот обид го употреби официјалното име на МПЦ-ОА.


