Архиепископот Стефан му го честитал именденот на митрополит Вишгородски и Чернобилски Павле од Украинската православна црква – Московска патријаршија. Честитката за именденот испратена од архиепископот, за денот на светите апостоли Петар и Павле, ја објави УПЦ. Во нејзе поглаварот на МПЦ-ОА му посакува многу години на архијерејско служење на митрополитот Павле, посочувајќи ги и страдањата со кои се соочува.
-Во Вашето архипастирско служење ја покажавте ревноста на апостол Петар, но и љубовта на апостол Павле, споделувајќи ги трудовите и страдањата со довереното Ви духовно паство. Ваше Високопреосвештенство, драг брате во Христа, Го молиме Семилостивиот Бог, Пресвета Богородица и светите првоврховни апостоли да Ве крепат духовно и телесно, дарувајќи Ви уште многу години архиерејско служење, умножување на добродетелите, цврстина на волјата и постојаност во молитвата, стои во писмото честитка за именденот.
Овој митрополит на УПЦ е еден од оние членови на оваа црква кои имаат изразени проруски позиции. Познат е по товорениот конфликт со украинските власти. Беше обвинет за „поттикнување меѓурелигиска омраза и оправдување или негирање на вооружената агресија на Русија против Украина“. Во август 2023 година беше приведен, а потоа ослободен.

