Српскиот претседател Александар Вучиќ имал средба со новиот патријарх на Грузија, Шио III. Вучиќ, кој е во официјална посета на Грузија, заедно со грузискиот претседател Михаил Кавелашвили, биле примени во патријаршиската резиденција во Тбилис.

Грузиската патријаршија извести дека средбата се одвивала во многу срдечна и пријателска атмосфера.
-Во разговорот беше посветено внимание на повеќевековните духовни и културни врски меѓу двата православни народа. Неговата Светост и Блаженство срдечно се потсети на честитката што Неговото Блаженство, српскиот патријарх Порфириј, му ја упатил по повод неговото востоличување. Исто така, се потсети на братските односи меѓу блаженоупокоениот Католикос-патријарх Илија II и српскиот патријарх Павле. Католикос-патријархот говореше и за 1700-годишнината од прогласувањето на христијанството за државна религија во Грузија и го покани претседателот на Србија на настаните што се планирани по тој повод. На крајот од разговорот уште еднаш беше нагласено значењето на понатамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, стои во соопштението од Грузиската црква.

