Европската епархија на МПЦ-ОА почна ос изградба на уште еден храм за македонските верници во дијаспората. Овој пат ќе се гради црква во Берлин во составот на МПЦО Свети Климент Охридски.
Првите градежни активности, со кои беа поставени темелите и плочата на храмот отвараат можност за изграба на нов македонско светилиште во Германија.
-Ова не е само градба од камен и бетон – ова е градба на верата, надежта и љубовта на нашиот народ. Храм кој ќе ги обединува Македонците далеку од татковината, место каде што ќе се слуша молитва, ќе се крштеваат нашите деца, ќе се венчаваат младите и ќе се чуваат нашите православни и македонски традиции, велат од црковната општина.
За Македонците во Берлин оваа црква е долгоггодишен сон кој почнува да се реализира.
-Со секој нов ден и секој вграден камен се приближуваме кон остварување на еден долгогодишен сон. Да се молиме Господ да ги благослови сите добротвори, приложници и луѓе со добро срце кои го помагаат ова свето дело. Нека Божјиот благослов биде над сите нас, а овој храм нека стане духовно прибежиште за сегашните и идните генерации Македонци во Берлин. Господи, помогни ни да го довршиме ова свето дело за Твоја слава и за доброто на нашиот народ. Слава Му на Бога за се!, велат од МПЦО Свети Климент Охридски, Берлин.

