Името на московскиот патријарх Кирил повторно е вклучено во предлогот на Европската Унија за нов пакет санкции против Русија, објави Еуроњуз.
Европската комисија се обиде да воведе санкции против поглаварот на Руската православна црква и во 2022 година, но иницијативата тогаш беше блокирана од Унгарија на Виктор Орбан, која се повика на прашања поврзани со верската слобода.
Според објавата, името на патријархот Кирил е вклучено во новиот пакет мерки што им беше претставен на земјите-членки на Европската Унија во рамките на разговорите за 21-от пакет санкции против Москва.
Индивидуалните санкции вклучуваат замрзнување на имот и забрана за патување на територијата на Европската Унија.
ЕУ повеќепати го обвини патријархот Кирил за јавни изјави кои, според Унијата, ја оправдуваат или поддржуваат војната во Украина.
Посебно се посочуваат текстови и изјави поврзани со ставот на Руската православна црква кон руската инвазија врз Украина.
И покрај повторното појавување на предлогот, дипломатски извори оценуваат дека неговото конечно усвојување не е сигурно, бидејќи воведувањето санкции бара едногласна согласност од сите 27 земји-членки на Европската Унија.
Целта на Брисел е да се постигне договор за новиот пакет санкции до 15 јули.


О секако, педофилските и преварантските чувства на ЕУ-домијата длабоко настрадаа… Но не може да се доскокне, не. Како ли да се активираат разбојничките механизми на ненастрадлив начин? Никако, не може. Батали имиџот, репутацијата (бидејќи ‘честа’ и ‘достоинството’ се ЕУ-домитски невалидни категории), повратниот удар ќе биде по банкарските сметки и по doing businesses можностите со епицентар во врхушката допрва. А и тој Патријарх, како може да ги подгрева патриотските модели, семејните вредности, традиционалните христијански предности и сл., па дури заедно со Путин ви се молам, кога толку убаво тече концептот на разнебитување на семејството (канализиран низ мрежа од програми и внимателно профилирани социолошки трендови во служба на корпоративната доминација), на редефинирање на религиозните заедници, на растечката бела чума, на комерцијализираниот кариеризам, на зададената доминација на медиократијата со историски најниските можни дострели – сака ли да ги испружи долгите прсти по ЕУ-домските простори? Ауу, не дај Боже еден таков архистратег да згазне на ЕУ- територија и се’ да испобрка. Како да му дадат со неговата појава, со неговиот ореол (пардон: аура!), да ги оштети ЕУ-домските фабрики за магла? Како да му дозволат на неговите исто такви клирици да блујат некакви Божествени енергии по нивните имоти на ЕУ територија, да собираат луѓе со иста православна вера и со исти (источно традиционални) идеи околу себе? Што е со неговите чакри, најпосле? Часовите по јога се толку скапи, сигурно го троши црковното богатство на некој скриен метод на растурање на темните сили.
Но, за среќа има начин да се попречат неговите сомнителни активности: клириците ќе ги наречеме нарко-дилери, Патријархот идеолог на војната, соучесник во масовно киднапирање на деца, воен злосторник! Треба да се биде креативен, што и да значи тоа. ЕУ-домски апсолутно романтичен: стоп за војната! заштитете ги украинските деца! заштитете ја квир-заедницата! дајте и’ оружје на Украина! стоп за неистомислениците! слава на украинските нацисти! – Мртвиот нацист е безопасен, но секој знае дека болшевичкиот споменик е закана за ЕУ-домијата. ‘Ма што болшевичкиот! Секој руски споменик, па макар и руска буква е опасност за анти ЕУ-домитска пандемија. Ова е слободна и демократска Европа, не таму некоја автократија каде што сите мора да мислат како Путин. Што има во Русија? Нафта, гас, дијаманти, ефтина генетски немодифицирана храна, тајги, степи, жито, печурки, врвен балет, чиста вода, класично и модерно образуван народ, бесплатно здравство, светски шампиони во шах, уметничко лизгање, гимнастика, хокеј, и др. спортови, апсолутно ефикасна вакцина против канцер, национална програма за многудетни семејства и зајакнување на семејството, водечки некомпромитирани генетичари, космонаути, научници… Голема работа! Па тоа не е ништо. Кога би и’ го препуштиле сето тоа на ЕУ- домијата, тогаш би виделе што е живот и напредок. Сега, не можеш во Русија на ЕУ-домитски начин ни христијански храм да продадеш за пренамена и за економска профитабилност, зашто тие, закоравените Руси, се закостенети, заостанати. Патријархот на сите начини кочи, а никој не ни помислува колу убаво е да се претвораат храмовите кога не носат приходи во бордели на пример, или барем во хотели, ресторани, библиотеки, приватни домови. Ако треба и нивните свептеници че се преквалификуваат или че се преселат. Бог, ако постои, е насекаде. Лесно ќе се премести од едно на друго место и че даде нови можности. Тоа сите ЕУ-домити го знаат. Затоа е лесно: купи-продај, остави да тече животот, да се тркалаат средствата. Кој успеал да го задржи времето! Carpe diem и Vita nostra brevis est… Gaudeamus!