Бугарскиот и Романскиот патријарх на именден кај Вартоломеј

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе го прослави својот именден на родниот остров Имврос , во присуство на двајца поглавари на православни цркви. Бугарскиот патријарх Даниил и Романскиот патријарх Даниел, објави dveri.bg.

Свеченостите ќе почнат на 9 јуни, вторник, со пристигнувањето и пречекот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј и останатите поглавари на пристаништето на Имврос. Подоцна истиот ден е предвиден официјален пречек на плоштадот во селото Свети Теодори, родното место на патријархот.

На 10 јуни, среда, од 11:00 часот, во храмот „Св. Георгиј“ во Свети Теодори ќе биде отслужен молебен по повод пристигнувањето на православните поглавари. Потоа ќе се одржи прием во салата на Културното друштво на Свети Теодори, каде што ќе бидат упатени честитки.

Истиот ден, од 18:30 часот, во храмот „Св. Георгиј“ ќе биде отслужена голема вечерна богослужба, по што ќе следува културна програма во салата на Културното друштво на Свети Теодори.

Кулминацијата на свеченостите ќе биде на 11 јуни, четврток, кога од 09:00 часот во митрополитскиот храм „Св. Богородица“ ќе бидат отслужени утрена и патријаршиска соборна Света литургија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img