Бугарските зилототалибани ја распнаа Дара за нејзината победничка песна на Евровизија

Date:

Share post:

Бугарската млада девојка, која синоќа ја освои Европа, буквално и публиката и музичкото жири, и стана првата пеачка што ја носи Евровизија во Софија денеска е национален херој на Бугарија. Но не сите така мислеа пред вчерашното саботно финале на Евровизија. Напротив Дара беше предмет на оцрнување, напади, и етикетирање од еден дел на бугарското општество, кое како и во Македонија, така и во Бугарија себи си препишува право да биде „бранител на православието од злито наречено Запад“.

Православните Талибанци во Бугарија, кои „сосема“ случајно се жестоки русофили, изминативе недели видеа жестока кампања против Дара и нејзината песна, нарекувајќи ја „олицетворение на сатаната“, дека нејзината песна била сатанистичка, дека пеела за демони и ред други оцрнувања.

Злиототалибаните, кои за жал стануваа доминантни во црковната јавност, беа погласни од разумот се до синоќа, кога Европа оценуваше музика, уметност, настап, радост, оценуваше слобода.

Со цел да ги заузда ваквиотр говор на омраза против музиката и уметноста, реагираше и Русенскиот митрополит Наум. Тој, кој е роден во Варна, од каде што е и Дара, на Фејсбук напиша дека Бугарите треба да научат да се радуваат на успеси, а не да бидат хејтери.

-Честитки за победата на Бугарија во реалноста на светската конкуренција, и покрај бугарската завист и злонамерност кон успешните луѓе! Бугари, научете да се радувате на успесите на своите сонародници, наместо да ги хејтате и да им завидувате! Честитки и успех на мојата сограѓанка Дара, да е жива и здрава!,  напиша митрополитот Русенски Наум.

Песната на Дара е една обична, бунтовна песна, испеана од млада девојка, испреплетена со традиционални културни вренности од бугарското општество, и претставува своевидна химна за величање на слободата, каков што беше Рок музиката на времето. Православните талибани секако и во рок музиката одамна имаат препознаено сатанизам.

Честитки за Дара…

1 COMMENT

  1. Страв лозје чува, вели нашиот народ. Тие амбиции за промоција на својата нација и култура во белиот свет се тоа што се: амбиции. Бугарија не победи со автентична бугарска песна, победи со песна во духот на западната музичка култура. И во тоа нема реален успех за нацијата како таква ниту за бугарската култура како таква. (Инаку, успесите на претставниците на источноевропските култури би пробиле пат за сите нас и би имале макар мала причина за радост, но работата не е таква, за жал). Да, бугарските творци можеби отсега полесно ќе се движат низ европските кругови и досега маргинлизираните Бугари низ ЕУ можеби ќе добијат поголема почит како поединци од бугарска етничка припадност, но како и Дариа Јотова ќе се натпреваруваат во докажување на усвоеноста на западната култура, не како промотори на својот (мошне различен од неа) бугарски светоглед (Западот кој себеси се нарекува демократски и мултикултурен во пракса е алергичен на словенскиот хабитус, особено на православниот). Се разбира, слични амбиции владеат во сите не толку светски или на Запад афирмирани култури, ги има тие амбиции многу видливо и кај нас. Но, од желба за успех и препознаеност во белиот свет на крајот тие амбиции со неверојатна брзина водат до тотално изумирање на автентичната национална култура. Водат и до фактичко исчезнување на својот национален идентитет, кој на крајот останува номинален и само добро архивиран. Влијанието на западната култура е толку погубно, што со рапидна брзина ја смени семејната култура на последниве неколку генерации Балканци. Тоа е силен аларм за будење, можеби последниот којшто би не’ спасил. Еве да ја оставиме етничката асимилација (која не е ни најмалку безначајна), духовната која се случува многу побрзо и понезабележливо веќе е во голем подем и времето за борба дури и истекува. Така што, оваа пропаганда во корист на западната цивилизација под разноразни маски ви е едноставно богоборна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img