Дали сте знаеле дека новиот Грузиски патријарх беше востоличен со митра од 18 век?

Date:

Share post:

Во Грузија на 12 мај 2026 година беше извршено востоличувањето на новиот католикос-патријарх Шио III, на свеченост што се одржа на празникот на Свети Андреј Првоповикан.

Еден од најзначајните елементи на церемонијата беше употребата на историската митра (круна) од XVIII век, која традиционално се користи при востоличувањето на грузиските патријарси. Овој свештенички симбол, зачуван низ вековите, претставува континуитет на патријаршиската служба и се предава како дел од церемонијалниот ред на Грузиската православна црква.

Со ставањето на митрата од XVIII век, се нагласува континуитетот меѓу современото патријаршиско раководство и историската традиција на Црквата, која во Грузија има повеќевековна државно-црковна и духовна улога.

Востоличувањето на Шио III се совпадна и со почетокот на прославите за 1700-годишнината од прогласувањето на христијанството за државна религија во древното кралство Картли/Иберија, што дополнително му даде историска и симболична тежина на настанот.

1 COMMENT

  1. Според мене од светотаински аспект не е важно само дали нешто е старо и колку на него почива благословот на повеќе поколенија/патријарси туку и какво е, кој го направил, како и со што го изработил (и секако најважно кој го носи тоа не само според хиерархија туку и како лична мистична ипостас на местото на богослужител, затоа што еден е Богочовекот Исус Христос, сите останати може да бидат само Негови живи икони украсени со Неговата благодат, ама сепак не се исти икони). А и не знам дали баш денес се изработуваат митри со таков уметнички квалитет како оваа на главата на Грузискиот Патријарх. Најубавите, најнеобични и најрафинирани одежди што сум ги видела да ги носи еден свештеник биле најдени во олтарот на манастирот (изграден во 16 век) при вселувањето на монашката обител и ми се чини дека рекоа дека се постари од еден век (од 19 век, колку што се сеќавам). Беа свилени, со некаква природна небесна боја и вез ненаметливо нежен а присутен, како слеан со ткаенината и со секое движење на свештенослужителот. Изгледаа како неракотворни. Додуша и свештеномонахот кој ги носеше имаше исклучително аскетска става, но и одеждите беа многу поинакви од сите денешни одежди.
    Всушност така е и со накитот. Во побогатите европски земји во редовна продажба може да видите стар златен накит, кој целиот е необично убав и неспоредлив со денешните изработки, се разбира е многу поскап, и факт е дека денес ништо слично не се изработува (или ако постои, ако може да се нарача, ексклузивно е, не е лесно достапно), пред се’ врвните вештини во рачните изработки се сочувани само во некои занаети. Нека служи свето и за многукратни придобивки на целата Православна Црква и за сиот свет нововостоличениот Грузиски Патријарх, нека му биде достоен наследник на својот блаженоупокоен преемник, Патријархот Илија и долго да сјае неговата мудрост преку исцелителната Несоздадена светлина во срцата на верните, особено на богоспасуваниот грузиски народ!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img