(ВИДЕО) Манастир „Свети Јоаким Осоговски“ – меѓу тишината на двете цркви и звукот на градежните машини

Date:

Share post:

Манастирски град. Овој епитет „Свети Јоаким Осоговски“ го добил поради многубројните објекти распослани низ комплексот. Ги има вкупно 18.  Илјадагодишната историја ова православно светилиште ја гради на падините на Осоговските Планини, во столетна дабова шума, на околу три километри од Крива Паланка, објавува 360 Степени.

„Самиот збор манастир значи една архитектонска композиција од повеќе градби, при што централна градба, нормално, е храмот, бидејќи храмот е местото каде ја принесуваме безкрвната евхаристиска жртва“, вели отец Дејан Апостоловски – член на свештеното братство при соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ – Крива Паланка.

Најстарата сочувана градба е храмот посветен на Пресвета Богородица за кој се претпоставува дека датира во 12 век.

Вториот, поголем храм, е изграден кон крајот на 19 век и е посветен на Свети Јоаким Осоговски, на темели на стар храм.

„12 куполи во чест на 12 апостоли. Пет од нив се со повисок тамбур, овие што се со прозорци и формираат рамнокрак крст, а другите седум се слепи. Интересна фреска ‘Евангелска проповед на светиот апостол Павле’, кој бил во Македонија и го проповедал христијанството. Тука, на крајот од самата композиција, може да видиме верници облечени во кривопаланечка носија, а еве тука е и Лидија Македонска, првата христијанка во Европа“, рече протојереј-ставрофор Александар Смиљков.

Дел од објектите во комплексот датираат од почетокот на 20 век.

„Писарницата и стариот конак во кој монашкото братство, игуменот и скрипториумот се сместуваат по пожарот што се случува во почетокот на 19 век кога паѓа непреболениот игуменски конак наречен Бини. Потоа, исто така, од почетокот на 20 век е и овој конак што е монашкиот конак каде се наоѓа игуменот на ова свештено братство. Исто така и охридскана зграда што ја гледате потекнува од крајот на првата половина на 20 век“, вели отец Дејан Апостоловски – член на свештеното братство при соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ – Крива Паланка.

Најнови се конаците што се изградени кон крајот на 20 и почетокот на 21 век наменети за сместување верници што сакаат да престојуваат во манастирот.

Сепак, она што визуелно е највпечатливо последниве речиси две години е објектот во изградба.

„Поранешниот игуменски конак наречен Бини преку кој, впрочем, повторно ќе ја вратиме старата слава на игуменскиот конак што бил место каде се наоѓало ќелијното училиште каде се образувале идните свештеници, каде се образувале браќата монаси, но каде се образувале и кривопаланчани, кој бил и место каде преподобниот Јоаким Крчовски пишувал и творел“, рече отец Дејан Апостоловски – член на свештеното братство при соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ – Крива Паланка.

Целата репортажа ОВДЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img