МПЦ-ОА и ИВЗ, двете најголеми верски институции во државата имаат активна поддршка за ораганодарителството. Уште за време на носењето на законот з атрансплантација нна органии, тие дадоа поддршка за оваа благордна медицинска активност.
Неодамна на трибина во Битола, посветена на органодарителството во Македонија, претставнците на МПЦ-ОА и на ИВЗ, кои учествуваа на трибината, јаснио ги предочија ставовите на своите верски институции за потребата од јакнење на светста за дарување органи.
-Најголема почит и поклон кон оние што дарувале органи. Тоа е највисок степен на човекољубие и жртва, истакал Драган Ѓорѓиевски, претставник од МПЦ-ОА.
-Во исламот органодарителството се смета за трајна милостина, потенцирал пак муфтијата Амит Расимовски од ИВЗ.
Министерствот за здравство, во рамки на континуираната кампања за подигање на светста за органодарителството ги споделни нивните изјави од трибината на својата фејсбук страница.
Министерот за здравство, Азир Алиу вчера при посетата на Клиниката на нефрологија, во рамки на одбележување на Светски ден на бубрегот, кој годинава се одбележува под мотото „Здрави бубрези за сите – се грижиме за пациентите и ја заштитуваме планетата“, посочи дека Министерството за здравство дава силна поддршка за органодарителството и во континуитет.
По одржаните трибини во Охрид и Битола, најаво нова на 27 март што ќе се одржи во Штип.
-Целта на трибините е преку учество на лекари-експерти во областа на трансплантација, пациенти, донори и претставници на верските заедници, да се отвори јавна дискусија за значењето на органодарителството, медицинските факти, законските аспекти, како и за животните приказни на пациентите кои чекаат или веќе добиле трансплантација, посочи министерот Алиу.
Сепак во МАкедонија во последно време се случува проблем со согласноста за органодарување. Иако лицето кое се пријавило да дарување органи, по неговата смрт, семејството треба исто така да даде согласност. Во многу случаи тие не ја почитуваат вољата на починатиот и одбиваат согласност.
Во тој контекст здравствените власти најавуваат законски измени со кои секој граѓанин сам да одлучи дали сака да ги донира органите, по теркот на европските земји при што секој ќе има донорска картичка.
„Покрај она што сега стои во законот за трансплантација дека сите сме потенцијални донори тоа е т.н. претпоставена согласност би дозволиле и донорска картичка односно регистар на донори па кога ќе дојдеме во ситуација да разговараме со семејеството сепак волјата на починатиот да биде таа што ќе доминира, а не волјата на други луѓе, Проф. Д-р Билјана Кузмановска – Национална координаторка за трансплантација.

