Исламски милитанти го нападнаа христијанското село Туран во нигериската држава Бенуе. Во нападот дел од жителите биле убиени, некои се ранети, а останатите биле принудени да побегнат.
Меѓу убиените се и Јован Акуле и Даниел Ахемба, членови на локалната заедница на Руската православна црква во селото. Тие се сметаат за првите африкански верници на Руската православна црква кои го загубиле животот поради својата вера.
Досега се пронајдени десет тела на убиени жители, но се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи потрагата во околината продолжува.
Во селото Туран живееле околу педесет православни христијани, од кои дваесет биле деца.
Преживеаните членови на заедницата се соочуваат со тешка хуманитарна состојба. Според настојателот на заедницата, архимандрит Нифонт (Хуле), жителите биле принудени да го напуштат сето што имале. „Луѓето мораа да остават сè зад себе, а поради големиот број бегалци во најблискиот град тешко се наоѓа дури и вода за пиење и храна. На некои им е потребна и медицинска помош“, изјавил тој.
Руската православна црква започна итна хуманитарна акција за собирање средства, наменети за помош на семејствата на загинатите и на православните христијани кои останале без дом и средства за живот.

