Дали по три децении ќе продолжи изградбата на најголемата црква во Македонија?

Date:

Share post:

После 33 години, битолчани овие денови се сведоци дека се носи градежен материјал и други елементи за поставување на градежни скелиња во дворот на соборниот храм „Собор на сите македонски светители“ — црква во изградба која се наоѓа во населбата Нова Битола, на самиот агол од вкстувањето на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ во Битола, пишува Апла.мк

Во дворот има оставено градежни материјали што асоцира на продолжување на изградбата на соборниот храм во Нова Битола.

Доизградбата на соборниот храм во Битола, кој досега е реализаран само околу една третина од планот, е долгопосакувана желба на православните верници од Битола.

Црквата е во фаза на изградба од 1993 година. Според архитектонскиот план храмот треба да биде еден од најголемите во Македонија и Балканот со камбанарија од 80 метри, средна купола 55 метри, и други објекти како крстилница, библиотека, галерии, соби за симпозиуми и други потреби.

Соборниот храм запре со изградбата некаде после аферата ТАТ во 1997 година.

Во склопот на недовршениот храм  „Собор на сите македонски светители“,  Преспанско пелагониската ја изгради црквата Света Лидија Македонка, ова е првиот храм посветен на оваа македонска светица на територијата на Македонија, осветен на 22 јуни 2019 година од страна на владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img