Промоцијата на книгата „Мистичниот и литургиски живот во делата на старец Емилијан Симонопетриски“ од Епископот Стобиски Јаков беше добра прилика за средба на Архиепископот Стефан со митрополит на Грчката православна црква и со претставници на Света Гора.
Гостин на промоцијата во хотелот „Цар Самуил“ во Струмица беше делегација од Република Грција, предводени од Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, Дамаскин, како и претставници на братството на манастирот Симонопетра од Света Гора и професори од Аристотеловиот универзитет во Солун.
Од фотографиите што ги објави Струмичката епархија се гледа дека гостинот од ГПЦ е почесетен со место до архиепископот Стефан, а до нив е и митрополитот Јован.
Иако на фтографиите се гладе како двајцата разговраат, сепак МПЦ-ОА не соопшти детали дека архиепископот се сретнал со владика на ГПЦ. Грчката црква е една од оние цркви кои не го признаваат Томосот од СПЦ за автокефалност и сметаат дека МПЦ-ОА треба да дибие Томос од Вселенската патријаршија.
На промоцијата присуствуваале речиси половина Синод, митрополит Струмички Наум, митрополитите Тетовско-гостиварски Јосиф, Дебарско-кичевски Георгиј, Крушевско-демирхисарски Јован, Брегалнички Иларион и Европски Пимен, епископите Делчевско-каменички Марко, Дремвитски Давид, Хераклејски Климент.

