Во сабота, на 7 февруари, во Мисионерскиот центар во Морогоро, во источна Танзанија, беше извршено масовно крштевање, при што 182 локални жители беа примени во Православната црква.
Светата тајна ја изврши митрополитот на Иринопол, Димитриј, од Александриска патријаршија. Од вкупниот број новокрстени, 155 лица биле поранешни муслимани.
Од 2004 година досега, преку мисионерската дејност на Митрополијата на Иринопол, повеќе од 60.000 луѓе се крстени и примени во Православната црква.
Кандидатите пристапиле кон светата тајна по подолг период на систематска катихеза, водена од локалниот протојереј Клиопа Бачуба, заедно со уште шест свештеници кои служат во регионот. Нивното крштевање и прво причестување поминало во дух на благоговение и видлива радост кај новопросветлените.
Прославата продолжила во духот на африканската култура, а потоа следела и заедничка агапе-трпеза за сите новокрстени.
Овој радосен настан е дел од серија масовни крштевања што неодамна се одржуваат во источна Танзанија. Во септември минатата година биле крстени уште 370 лица, а за време на годинашниот празник Богојавление, десетици нови верници биле примени во Црквата.

