Архиепископот Стефан и свештеници од Скопската епархија, отслужија панихида на гробот на Гоце Делчев за одбележувањето на 154 години од неговото раѓање.
Архиепископот г.г. Стефан во својата беседа истакна-жртвата на Гоце е плод на свесен и промислен чин на неизмерна љубов и бескрајна почит кон достоинството на својот народ. Таа негова жртва е плод на длабокото разбирање дека македонската стварност е таква што слободата не може да се добие како милост, туку треба да се извојува.

