Андреј Деркач – офицер за врски со УПЦ меѓу имишата на списокот на Епстин

Date:

Share post:

Во „досијата на Џефри Епстин“, објавени во ноември 2025 година од Министерството за правда на САД, се содржани десетици илјади страници лична кореспонденција и документи. Меѓу нив се појавува и името на Андреј Деркач, поранешен народен пратеник од Сумската област и актуелен член на Комисијата за безбедност и одбрана при Советот на федерацијата на Русија. Неговото име се споменува во 14 различни фајлови, најчесто преку цитати од американски медиумски публикации и разузнавачки процени, пренесува Суспилне медиа.

Кој е Андреј Деркач?

Андреј Деркач е познат украински политичар со изразена проруска ориентација, поранешен пратеник во Украина и син на офицер на КГБ, кој подоцна раководел со украинската разузнавачка служба. Обвинет е за државна измама и се смета за агент на ФСБ, со значително влијание во медиумската сфера. Во еден период бил перципиран како прозападен, бидејќи го поддржал Виктор Јушченко на изборите во 2004 година.

Деркач се поврзува со политички кампањи за кои западните медиуми и разузнавачки служби сметаат дека имале за цел компромитирање на Џо Бајден и мешање во претседателските избори во САД.

Во 2022 година, Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави дека разоткрила разузнавачка мрежа раководена од Главната управа на Генералштабот на Руската Федерација (ГРУ), чија задача била да ѝ помогне на руската армија во заземањето на Украина. Според СБУ, Андреј Деркач бил регрутиран во 2016 година од врвното раководство на ГРУ, а додека бил пратеник, го координирал создавањето приватни безбедносни компании во различни региони, кои требало да бидат искористени за брзо преземање на контролата врз земјата.

Според украинските истраги, Деркач е вмешан во корупциски скандал поврзан со поранешниот вицепремиер Олексеј Чернишов и државната компанија „Енергоатом“. Според обвинителството, во стан поврзан со Деркач биле префрлани над 1,2 милиони американски долари и околу 100 илјади евра во готово. Истрагата се води по член 368-5 од Кривичниот законик на Украина – незаконско збогатување.

По неговото разоткривање во Украина, Деркач побегнал во Русија, каде бил награден од Владимир Путин со пратеничко место, а по повод Денот на хероите на татковината го добил и звањето „Херој на Русија“ со орденот „Златна ѕвезда“.

Врски со Украинската православна црква (УПЦ)

Андреј Деркач е доцент на Киевската духовна академија и семинарија на Украинската православна црква, а една од неговите клучни задачи во Украина била координација на активностите на УПЦ поврзани со Московската патријаршија. Во 2020 година, Светиот синод на Руската православна црква го вовел во овие кругови.

Од 2011 година, тој раководел со група советници на тогашниот премиер на Украина Николај Азаров, лобирајќи за интересите на УПЦ – Московска патријаршија во Врховната рада. Воедно, бил и спонзор на УПЦ (МП).

Во практика, Деркач бил неформален куратор и клучен политички покровител на УПЦ, близок до митрополитот Онуфриј, при што многу црковни прашања – и политички и финансиски – се решавале преку него. Тој бил задолжен за контакти со медиуми, политичари, експерти и свештенство, а подолг период предавал и курс во Лаврата под наслов „Односи меѓу државата и Црквата“.

Во досијата на Епстин се цитираат публикации од Politico, The Federalist, New York Times и Washington Post, во кои Деркач се опишува како координатор на руска дезинформациска кампања, која користела медиумски канали, контакти со политичари и лобисти. Според истрагите на ЦИА и ФБИ, неговите активности биле дел од поширока операција, која потенцијално била раководена лично од рускиот претседател. Washington Post го споменува Деркач во контекст на мешање во претседателските избори во САД во име на Владимир Путин.

Пронаоѓањето на името на Андреј Деркач во „досијата на Епстин“ не значи директна поврзаност со криминалните дела на финансиерот, туку го сместува во поширок политички и разузнавачки контекст, кој опфаќа влијание врз меѓународни избори и внатрешнополитички процеси. Неговата улога како посредник на руските интереси во Украинската православна црква (Московска патријаршија) и врските со украинската политика покажуваат како црковните и политичките мрежи можат да се испреплетуваат – понекогаш со корупциски практики и геополитички цели.

/hristianstvo.bg

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img