Руската православна црква има синодален оддел за соработка со вооружените сили и доделува воени ордени од прв степен. Претседатеот на тој оддел, митрополит Кирил (Покровски), ја одлѝкувал портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова.
Орденот „Архангел Михаил“ од прв степен и е доделен за „огромниот придонес и доследноста во заштитата на интересите на рускиот свет и на Руската православна црква, која постојано стои на браникот на традиционалните духовно-морални вредности во современото општество.“
