„Фрлањето на крстот за Водици, ми нема никаква поврзаност со настанот. А фаќањето на крстот нема да донесе ниту здравје, ниту среќа. Фрлањето на крстот само по себе нема некоја симболика со Богојавление“. Овие ставови ги искажа директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска, во гостување на утринската програма на една национална телевизија.
Изјавата на Трајковска предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, оценувајќи ја како спорна по многу основи.
-Мене ми нема никаква поврзаност фрлањето на крстот за Водици, со празникот. Затоа што Богојавление го симболизира покрстувањето, односно крштението на Господ Исус Христос. И пројавувањето на Бога, на Светиот дух. Значи на трите лица на Светото тројство. А фрлањето на крстот, само по себе, не носи некоја симболика на вчерашниот празник. Самиот чин на фрлање на светиот крст, за кој што зборуваше и многу почитуваниот професор на Богословскит факултет, Јован Таковски, дека не е соодветно фрлањетона крстот во водите, а уште понесоодветен ми е мене моментот, ќе ви кажам искрено, на се она што се случува околу фрлањето на крстот, бидејќи фаќањето на крстот само по себе не носи ништо. Доколку вие не сте вистински верник, доколку не ја практицирате верата на вистинскиот начин. Затоа што крстот е симбол на распетието Христово. Така да фаќањето на крстот нема да ви донесе вас ниту здравје, ниту среќа, ниту не знам какви суеверија кои што кружат околу тоа, изјави Траковска.
Трајковска дипломирала на Богословскиот факултет во Скопје и сега ја извршува функцијата на директорка на државната комисија за односи со верските заедници.
Несвојствено е за државен раководител да толкува теолошки прашања, без разлика дали неговото образование е од таа сфера. Улогата на ова државно тело е да ги координира односите на верските заедници меѓу себе, и нивните односи со државата.
Дополнително, според теолозите, самата изјава од теолошки аспект е на работ на догматските учења.

