Rуската православна црква ја продлабочува соработката со руски националистички движења

Date:

Share post:

Руската православна црква официјално ја институционализираla соработката со руското националистичко движење „Руска заедница“, објави рускиот религиолог Ксенија Лученко на својот Телеграм канал. Според неа, Светиот синод на РПЦ донел одлука секоја епархија да назначи одговорно лице за работа со оваа организација.

Лученко наведува дека РПЦ сè поотворено учествува во промовирање на агендата на „Руската заедница“, особено во сферата на антимигрантската политика и кампањите против абортусот. Во септември годинава, РПЦ, заедно со „Руската заедница“, движењето „Северен човек“ и други помали националистички групи, организирала масовна крсна литија во Москва, на која, според проценки, учествувале меѓу 40.000 и 100.000 луѓе.

Како дополнителен показател за оваа поврзаност се наведува и неодамнешниот конфликт меѓу членот на „Руската заедница“ Максим Двинич и генерал Апти Алаудинов, при што свештеникот Вјачеслав Андреев застанал на страната на Двинич. Според Лученко, вакви постапки порано би се сметале за лична иницијатива на радикален свештеник, но денес се доживуваат како одраз на официјалната позиција на РПЦ.

Дополнително внимание привлече и опелото на убиениот лидер на националистичката група „Еспањола“, Орлов, кое беше одржано во храмот „Христос Спасител“ во Москва од свештеникот Павел Островски, еден од најпознатите духовници во Русија. Според достапните информации, дел од поранешните членови на „Еспањола“ планираат да се приклучат кон „Руската заедница“.

„Руската заедница“ е националистичко движење со политичко влијание, кое се позиционира како „патриотско“ и „традиционалистичко“. Иако не е формално државна структура, организацијата има врски со дел од државните институции, со РПЦ и со други радикално-националистички групи. Нејзината идеологија се темели на руски етнонационализам, конзерватизам и силна поврзаност на руската национална идентичност со православието и државата.

Движењето е критикувано во повеќе независни и опозициски медиуми, меѓу кои и „Новаја газета“, поради обвинувања за поттикнување омраза, прикривање радикални и насилни елементи и користење на религијата како политичка алатка. Според дел од анализите, сè поголемото влијание на „Руската заедница“ веќе претставува предизвик и за самиот Кремљ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img