СПЦ смисли ново име за МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј, кој на своето прво патување кај сестринска црква, веќе неколку дена е во посета на Белград, сослужувал со патријархот Порфириј. Литургијата била во паралклисот на Богословскиот факултет на СПЦ, по конференцијата за 1700 години од Соборот во Никеја.

Во веста што СПЦ ја објави на својата интернет страница, владиката Георгиј е именуван како архијереј на Православната Охридска Архиепископија – Македонска православна црква. Дека не станува збор за грешка, сведочи фактот што во текстот истата формулација се појавува два пати.

Ова нова кованица, што СПЦ и ја дава на МПЦ-ОА. Во јавните соопштенија еден период СПЦ користеше формулација Охридска Архиепископија, па еднаш или два пати Црква на Северна Македонија, а во најголем број од известувањата воошто не именуваше од која црква доаѓаат владиците, кога беа организиарани вакви сослужувања. Оваа нова кованица практично е изведена од имињата на поранешната ПОА и на МПЦ. Во скратена верзија тоа би било ПОА-МПЦ.

1 COMMENT

  1. Душо, тоа е т. н. Еклисиолошки Алцхајмер, ич не замерувај. (Изгледа и нашиот врвен канонист учесник на високоумната конференција не замерил.)

    Како се однесува пациент со Алцхајмер? Ја зема перницата од својата постела на сред бел ден и тргнува, велејќи: ‘Ајде да си одиме дома’
    (Се сеќавате ли како Источна Македонија во една епизода беше впрочем ‘Стара Србија’?)

    Сопругата настојува: ‘Ова е нашиот дом.’ Пациентот: ‘Ова? Не-не, ова е вашата куќа, нашата е кај нас дома. Викни ја жена ми, ќе ме однесе.’ (Значи, не знаат што е ПОА, а што МПЦ-ОА)
    Сопругата. ’Ама јас сум ти жена, душо. Види, еве сум.’ Пациентот: ‘Ти си ми сестра, не можеш да ми бидеш жена. Не е убаво така. Викни ја, те молам. Ќе ме одведе во нашата дома.’
    Сопругата: ‘ А како се вика жена ти?’ Пациентот: ‘Марија, како инаку.’ Сопругата: ‘Ете, убаво кажа. Е па јас сум Марија.’ Пациентот: ‘Каква Марија?! Ти не си Марија.’ Сопругата: ‘А која сум?’ Пациентот: ‘Сестра ми Јана.’ Тргнува кон вратата: ‘Одам да ја најдам Марија. Таа знае се’. Ќе ми намести да си легнам во мојот кревет. Овој некако ме боцка.’ Прави два чекора и паѓа на подот. Сопругата со маки се обидува да го подигне од таа состојба…

    Се надеваме дека Алцхајмер сепак не е некоја заразна болест. Ако е, ќе почнеме да зборуваме за Белградско-Новосадска Митрополија на Македонската Православна Црква – Охридска Патријаршија. Зашто Пеќска никако не може да биде. Бидејќи Пеќ е во Косово. А тие го изгубија Косово. Или сепак не го изгубија? Ако се изгубиш во времето и просторо не е лесно, воопшто не е. Некојпат лесно е за пациентот, а за очевидците не е.
    Пациентот се враќа, според психијатрите, наназад во детството и на крајот умира (односно влегува во конечно минато, како од земја создаден на земјата и’ се враќа). Или СПЦ не се плаши од тоа?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here