Партениј служеше во црквата во Дебар

Date:

Share post:

Дебарчани и годинава се собраа во градската црква Света Петка за да го одбележат празникот и возобновената традиција со богослужба. Епископот Антаниски Партениј и годинава служеше во црквата во Дебар, каде се собраа голем број верници.

-За верните дебрани ова е ден на нераскинлива сплотеност, на заедничко служење и милост, на собирање во единство, за да се измоли благословот и плодовите од пустинското безмолвие и монашкиот подвиг на нивната небесна заштитничка. Зашто, споменот на оваа моќна светителка за нив никогаш не е само една богослужба, туку живо сведоштво за живата вера, мост меѓу славното минато и сегашноста, соборна молитва за благослов на иднината. Затоа дебрани, кои во присуството на својот духовен отец, Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, гледаат симбол на обновената надеж и духовност во нивниот регион, и оваа година со посебна љубов и ревност се собраа во нивниот храм посветен на света Параскева. Со трепетна радост застанаа околу својот возљубен владика, кој заедно со своето братство и со верниот дебарски свештеник, о. Миле Ангеловски, отслужи божествена Литургија во чест на Светицата. Таа, пак, и овој пат штедро ги благослови со небесен благослов, а дополнителен украс на денешното славје беа и чесните мошти на светата Параскева Римска, што верно се чувани од сестринството на манастирот Пречиста, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...