Предизборни активности на Коалицијата Искуство за успех

Date:

Share post:

Нов скопски саем во Бардовци, со хотели, ресторани и зелен појас, најави кандидатот за градоначалник на Скопје, од коалицијата „Искуство за успех“ Александар Трајановски. Трајановски, го претстави архитектонскиот концепт за нови катни гаражи и пензионерски дом.

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Лазаревски ветува чиста и уредна општина, без депонии, со бесплатни катни гаражи за жителите.

Од „Искуство за успех“ велат дека не ветуваат невозможни работи, туку труд, одговорност и резултати.

Инфраструктурни проекти во Општина Бутел, подобри услови во основните училишта, нови пешачки патеки и поддршка на микро и мали претпријатија се дел од проектите во програмата на коалицијата „Искуство за успех“.

Носителот на советничката листа Фитим Круези ветува залагање и за средување на имотно-правните односи во општината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img