Александар Рашковиќ, кандидатот за градоначалник на Скопје, поддржан од ТМРО денеска ја продолжи кампањата во Шуто Оризари. Заедно со кандидката за советник во Скопје, Сунита Сали ја претставија програмата за модерно Скопје.
-Советничката листа под број 33, од врата на врата и во Скопско Шуто Оризари. Харизматичната Сунита е вистински хит во Шутка ( нејзините банери се намерно скинати )и очекуваме и кандидатот за градоначалник Александар Рашковиќ под број 33 и неговата листа под број 33 да имаат голема Поддршка а Сунита од својата Шутка да добие гласови за во градското собрание, велат од ТМРО.
Рашковиќ вели дека средбата со жителите на Шуто Оризари била одлична и дека биле детектирани главните проблеми со кои се соочуваат.
-Модерно Скопје не е само визија — тоа е одлука да се создаде град што мисли современо, живее одговорно и расте со луѓето што го сакаат. Сите ние имаме истата цел: да му дадеме нова енергија, стил и вредности на нашиот град. Ова е тимот што верува во Модерно Скопје, вели Рашковиќ.
Покрај Сунита Сали, носител на советничката листа на ТМРО за Скопје е Никица Милевска. Таа, Рапковиќ и Сунита изминативе денови посетија неколку општини во Скопје за да презентираат својата програма.
-Денеска повторно поминавме ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните. Секој глас, секој предлог и секоја приказна ни значат многу. Продолжуваме со истата енергија – за град каков што заслужуваме, вели Никица Милевска, носителка на советничката листа на ТМРО за Скопје.

