Ѓорѓиевски: Скопје ќе го вратиме како град на култура, дух и современ урбан идентитет

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во рамки на својата програма го претстави столбот „Скопје – град на слоеви, град на култура“, посветен на обновата и ревитализацијата на културното наследство на главниот град.

-Скопје е град со историја, карактер и душа. Град што многупати бил погоден, но секогаш се издигнувал и продолжувал напред. Денес, кога зборуваме за иднината на Скопје, не зборуваме само за улици и инфраструктура, туку за тоа каков град сакаме да изградиме – град што се развива, но не ја губи својата душа, изјави Ѓорѓиевски.

Програмата опфаќа серија капитални културни проекти:

Аквадуктот ќе се претвори во современ културен парк со сцени за концерти, фестивали и уредени зелени површини. Таму ќе се изгради и најдолгиот ѕид за мурали во Југоисточна Европа.

Археолошкиот локалитет Скупи ќе биде целосно уреден и отворен за јавноста, со културни настани и уметнички резиденции.

Старата скопска чаршија ќе добие унифициран изглед и ќе се претвори во жив културен кварт, каде историските објекти ќе станат дел од секојдневниот урбан живот.

Скопското Кале ќе се развие како културен центар со фестивали, концерти, театарски претстави и изложби, при што ќе се зачува неговата историска вредност.

Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на киното „Милениум“, унапредување на работата на МКЦ, Музејот на град Скопје и сите културни институции под надлежност на Градот.

-Скопје ќе стане град на фестивали и уметност – град што живее преку културата во текот на целата година, порача тој, најавувајќи поддршка за „Skopje Jazz Festival“, „Skopje Calling“, „Пиволенд“, „Виноскоп“, „Баскерфест“, „Скопје танцува“ и други културни манифестации.

-Културата е инвестиција во иднината. А иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува, заклучи Ѓорѓиевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...