Ѓорѓиевски: Бабин Дол конечно добива функционална фекална мрежа

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за поставување на новата фекална канализација во местото Бабин Дол, во населбата Припор. Проектот, долг 1.130 метри, е еден од најзначајните инфраструктурни зафати што жителите го очекуваат со децении.

-Со реализацијата на овој проект, жителите на Бабин Дол конечно ќе добијат функционален фекален систем, а ќе биде исчистена и дивата депонија што го нарушуваше изгледот на овој дел од општината. Сегашниот систем, изграден во 90-тите години, не беше функционален и создаваше сериозни проблеми во секојдневното живеење — нешто што е недозволиво за 21 век, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, со новата мрежа ќе бидат поставени 46 шахти и ќе се користат современи полипропиленски цевки кои обезбедуваат долготрајност и сигурност на системот. Со проектот ќе се опфатат двете страни на населбата Припор, а ќе се прифатат и отпадните води од Сопиште, што ќе овозможи трајно и системско решение за овој регион.

Средствата за реализација се обезбедени преку Владината програма за капитални проекти на општините, преку која, како што истакна Ѓорѓиевски, се реализираат повеќе од дваесет капитални проекти во Кисела Вода — меѓу кои изградба на Поликлиника, реконструкција на училишта, спортски сали, улици, мостови и нови јавни површини.

-Ова е само дел од визијата за Кисела Вода и Скопје – градови со современа инфраструктура, чиста средина и подобар квалитет на живот за сите генерации. Најдоброто допрва доаѓа, порача Ѓорѓиевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...

Сирискиот претседател го посети Антиохискиот патријарх

Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара ја посети Маријамитската катедрала во Стар Дамаск, каде што се сретна со патријархот Јован...

Како Руската Православна Црква стана оружје за политичко војување?

Руската православна црква (РПЦ) стана централен столб во политичката и информативната војна на Кремљ, обликувајќи наративи преку спојување...