Коалицијата Искуство за успех, заедно со претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, беше на средби со граѓани на Куманово. Вели декаи покрај доделивото време, граѓаните ги слушнале нивните пораки.
-Во Куманово дождот не беше пречка! Заедно со носителот на листата на Либерално Демократска Партија ЛДП и Коалицијата Искуство за успех, Тома Глигоријевски поразговаравме со кумановци и кумановки за локалните проблеми и за можните решенија — но и побаравме поддршка за тие решенија да добијат и глас во Советот. Гласот за Тома е глас за конкретни проекти во Куманово, како што е реконструкцијата на локалната инфраструктура и создавањето на повеќе зелени површини во градот – како и за многу други идеи и проекти што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. Тома за Куманово, вели Зајкова.


