Кирил повторно го возвелича Путин – за роденденот му посака божествана сила за силна Русија

Date:

Share post:

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил не пропуши и годинава јавно да му го честита роденденот на рускиот претседател Владимир Путин. Кирил го возвеличува Путин во роденденската честитка, пишувајќи дека пред повеќе од четвртина век, Путин бил повикан на најважна и најнапорна служба, служба која носи огромна одговорност за земјата и грижа за милиони сограѓани.

Во пофалбите, Патријархот Кирил реди серија зборови дека под водството на Путин Русија со сигурност го следела патот на социо-економскиот развој, ги надминала предизвиците на времето, го зајакнала својот суверенитет, научниот, техничкиот и воениот потенцијал и се стреми да обезбеди национална безбедност и да изгради праведни меѓународни односи.

Поглаварот на Руската православна црква, исто така, изрази благодарност за континуираното внимание на претседателот кон улогата на Црквата во јавниот живот.

Тој изрази увереност дека соработката меѓу владата, Црквата и „сите луѓе со добра волја“ ќе продолжи да го зајакнува единството и моралните темели на Русија:

-Заедно ќе продолжиме да спроведуваме иницијативи што придонесуваат за консолидација на нашиот народ, зајакнување на вистинскиот национален суверенитет, афирмација на трајните духовни и морални вредности во животот на нашите современици, патриотско образование на помладата генерација и јакнење на авторитетот на Русија на меѓународната сцена, вели патријархот Кирил во честитката, посакувајќи му на Путин божествена сила и успех.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img