Тоневски најавува обновен простор околу познатиот даб во Марчино и нови пешачки патеки

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави уредување на просторот околу познатиот даб во Марчино, симбол на истрајност и локални корени. Според него, во овој простор ќе бидат поставени летниковци и клупи за одмор, со цел продолжување на дружењето и рекреативните активности на жителите.

Screenshot

Покрај тоа, Тоневски најави реконструкција на патот до Марчино, додека стариот пат од Марчино до Маричански дол ќе се претвори во пешачка патека за безбедни прошетки и рекреација.

-Градиме по план, градиме заедно. За тебе, за твоето место, за твојата иднина, истакна Тоневски.

Овие проекти се дел од програмата на Тоневски за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот во Пробиштип, со цел граѓаните да добијат функционални и пријатни јавни простори.

Видеото може да го погледнете тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img