Коњановски очекува силно мнозинство во Советот на Општина Битола

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, истакна дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ очекува мнозинство во идниот состав на Советот на Општина Битола. Тој го истакна тоа на прес-конференција во битолскиот огранок на Социјалистичката партија на Македонија, на која се заблагодари за јавната поддршка од таа партија.

-И во оваа кампања сме заедно со Социјалистичката партија на Македонија, нашиот традиционален поддржувач. Во идниот состав на Советот на Општина Битола очекуваме мнозинство и на тој начин непречено реализирање на нашата заедничка програма, посочи Коњановски.

Носителот на листата, Филип Поповски, нагласи дека кадровската и програмската понуда на коалицијата се гаранција за квалитетен состав на Советот. Тој додаде дека програмските цели ќе се остваруваат заеднички, вклучувајќи ги и членовите и симпатизерите на СПМ, со посебен акцент на кандидатката Кети Јосифовска, која се очекува да биде глас на народот и да се залага за проекти за подобар живот во Битола.

За јавната поддршка за кандидатот и советничката листа, на прес-конференцијата зборуваа и Александар Вангеловски, претседател на огранокот на СПМ, и Кети Јосифовска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img