Ѓорѓиевски најавува кружен тек и модерни улици за подобар сообраќај во Ѓорче Петров

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти кои ќе ја трансформираат инфраструктурата во општина Ѓорче Петров и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.

Главниот проект е изградбата на модерен кружен тек на крстосницата меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска војска“. Според Ѓорѓиевски, овој кружен тек ќе ја зголеми безбедноста, ќе го растовари сообраќајот и ќе ја подобри мобилноста во западниот дел на градот.

Дополнително, кандидатот најави реконструкција на улица „101“ во Волково, изградба на улиците „Веле Марков“ и „Шарпланинска“, како и поврзување на улицата „Лука Геров“. Овие проекти, според него, ќе овозможат подобра сообраќајна поврзаност, економски развој и подобар јавен превоз за населението.

Ѓорѓиевски посочи и решение за долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во општината – изградба на нов резервоар и пумпна станица на Оризарски рид, што ќе обезбеди стабилен притисок на водоводната мрежа и сигурно снабдување со вода за сегашните и идните генерации.

Во рамки на програмата е предвидена и изградба на нов современ објект за средното училиште „Кочо Рацин“, во соработка со Владата, кој ќе ги следи европските стандарди за образование.

-Овие проекти не се само ветувања. Тие се наша обврска и визија – Скопје да стане град со модерен сообраќај, сигурна инфраструктура и еднаков пристап до квалитетен живот за сите граѓани, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека со реализирање на овие проекти Ѓорче Петров ќе стане пример за тоа како внимателно планирани и капитални вложувања можат да го подобрат секојдневното живеење и мобилноста на граѓаните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img