Црква и споменик на амбиции и хирови

Date:

Share post:

По речиси 13 години меѓу улица Македонија и Домот на АРМ, на местото каде што некогаш имаше парк, за првпат во целина ја видовме новата црква Св. Константин и Елена.

Со години местото беше заградено – грдо и непријатно за сите. Сега, кога просторот се отвори, сите имаат причина за задоволство: едни зашто повторно им е вратен јавниот простор, верниците, пак, зашто добија храм. Славеничката атмосфера фрли заборав како воопшто дојде до тоа на местото да има црква.

Иако на осветувањето не се спомна човекот што важи за идеолог на проектот, тој самиот се јави на Фејсбук, и се портретираше како таков, пишува Призма во опширна анализа за црквата.

„Се соочувам со една од најдлабоките егзистенцијални дилеми на човечкото постоење – парадоксот на творецот кој е отсечен од своето творештво“, напиша Никола Груевски од Будимпешта потврдувајќи ги чаршишските муабети дека лично негова била идејата за црква – наследник на храмот што, според него, неправедно бил урнат во годината на неговото раѓање.

Тука тој открива што се случувало зад тарабите на градилиштето, но и низ личен визир ги врамува случките и инцидентите врзани со црквата, кои дел од јавноста ги помни во нешто поинаква верзија.

Првиот контрапротест

Медиумите известуваа за преизградбата на Св. Константин и Елена на скопскиот плоштад уште пред најавата за Скопје 2014, меѓутоа за првпат ја видовме на промотивниот клип во 2009, прикажана веднаш зад споменикот Воин на коњ.

Бргу потоа сведочевме како градските власти ги преместуваа подземните цевки и кабли од локацијата, за нешто подоцна да дознаеме дека Министерството за култура претходната 2008 веќе набавила идеен проект за црквата.

При неокласичното пресоблекување на Скопје не секогаш бевме на чисто кој објект ќе го гради државата, а кој приватници. Сепак, почетната замисла отсекогаш била црквата да ја финансирана државата, со што би се „исправила неправдата од 1970“.

Сентиментот на неправичност постоел и кај МПЦ зашто, како што сега вели поглаварот, црквава е „замена за храмовите разурнати од иноверните, другородни и неверни власти“.

Меѓутоа, реакциите што следуваа го сменија текот на настаните.

На 28 март 2009, студенти од Архитектонскиот факултет организирани во неформалната група „Архи бригада“ протестираа на плоштадот против изградбата на црква со мотото „Не силувајте го Скопје“, меѓутоа протестот прерасна во инцидент, во кој, студентите беа нападнати од контрапротестирачи, а полицијата не реагираше.

„Богохуљ еден“, му довикнува постара госпоѓа на еден од студентите во видео-прилогот на А1-телевизија посветен на протестот, кој сè уште може да се погледне на YouTube.

Инцидентов е првиот од многуте контрапротести што ќе следуваат. Тие беа подгревани или директно организирани од ВМРО-ДПМНЕ за обесхрабрување на секоја манифестација на незадоволство.

Се разгоре дебатата за и против црква. Следевме ТВ-дуели, се пишуваа коментари и полемики на колумнисти, а верници со икони и крстови в раце упаѓаа на тркалезни маси. Тие денови појасно од кога било се продлабочи поделбата помеѓу самопрогласените патриоти и наклеветените предавници.

Груевски и денес верува дека протестот го организирале „дежурните критичари платени од странски фондови“.

Покритие за бизнис-интереси и за насилство

Идејата за црква ја предизвика Исламската верска заедница (ИВЗ) да побара возобновување на Бурмали џамијата која некогаш постоела на плоштадот, веднаш до Камениот мост и која била урната во 1925 година.

Следуваше перформанс со езан, исламски повик за молитва од плоштадот.

По реакциите што добија и верска димензија, изградбата на православниот храм ја презеде МПЦ преку фондацијата „Св. Цар Константин“ и оттогаш секнаа официјалните информации за овој проект, сѐ до крајот на 2011 кога општина Центар го смени деталниот урбанистички план и црквата ја премести пред портите на кино Култура.

Целиот текст на ПРИЗМА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...