Тоневски: Клучна за развојот на Пробиштип е поддршката од централната власт

Date:

Share post:

Добрата соработка меѓу централната и локалната власт е суштински предуслов за успешен развој на општините, смета кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски. Во гостувањето во емисијата „Вечерното шоу со Богдан Илиевски“, потенцираше дека граѓаните го препознаваат таквиот важен однос, бидејќи и централната и локалната власт имаат заеднички цели – развој на опшштеството.

-Централната власт е многу важна работа доколку е во спој со локалната власт. Во таков еден однос поддршката е многу поголема бидејќи целта и на локалната и на централната власт е иста. Ако е иста целта – многу полесно се оди кон реализација на тие програми што ние ги нудиме, рече Тоневски.

Според него токму тоа претставува суштината на успехот.

-Многу добро е за развојот на општината, градоначалникот да има добри релации со централната власт и да работат во ист правец. Затоа, во мојата програма се вградени проекти кои се тесно поврзани со поддршката од владините институции, вели Тоневски.

Во однос на предизвиците во општината, тој нагласи дека постојат проблеми кои локалната самоуправа не може сама да ги реши, при што како најголем пример ја посочи јаловишната депонија. Тој потенцираше дека, иако постоеле средства наменети за општините од унгарскиот кредит, актуелното општинско раководство не аплицирало за трајно решавање на депонијата, туку за „ситни, популистички проекти за предизборни поени“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img