Во сабота, на 4.10.2025 година, со почеток во 18.30 ч. во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ беспатен концерт ќе одржи Естонскиот камерен хор „Калев“. Основан во 1998 година, овој хор, составен од триесетмина вокалисти, низ годините учествувал на бројни меѓународни фестивали за хорска музика, освојувајќи повеќе награди и признанија.
Хорот е познат по својот богат и разновиден репертоар, со посебен акцент на делата на естонски композитори. Меѓу нив се издвојуваат: Арво Парт – еден од најпознатите живи композитори во светот и православен верник, чие творештво длабоко е вкоренето во духовниот живот на Црквата; потоа Велјо Тормис и Естер Маги – кои се вдахновуваат од богатото естонско народно музичко наследство.
Концертот е отворен за јавноста. Ги повикуваме сите верници, љубители на уметноста и пријатели на културата да присуствуваат на овој редок настан.

