Средба на поглаврите на ПЦУ и Финската црква – поддршка за украинските бегалци

Date:

Share post:

Митрополитот Епифаниј на Киев и на цела Украина го примил Архиепископот Илија на Хелсинки и на цела Финска, поглавар на автономната Финска Православна Црква, која е под јурисдикција на Вселенската Патријаршија. Средбата се одржала во митрополитската резиденција во Киев.

Разговорите биле насочени кон меѓуцрковните односи, актуелната состојба во светското православие, можните области на соработка, поддршката за украинските бегалци и низа други важни прашања од заеднички интерес, соопшти прес службата на ПЦУ.

-Митрополитот Епифаниј со голема топлина му заблагодари на Архиепископот Илија и преку него на целата Финска Православна Црква за нивната постојана поддршка на Украина и на ПЦУ во услови на руската хибридна агресија, како и за нивната пастирска грижа кон украинските бегалци што нашле засолниште во Финска. Во одговор, Архиепископот Илија нагласи дека и финскиот народ и Финската Православна Црква „длабоко се грижат и се молат за што поскоро воспоставување на праведен мир во Украина,“ истакнувајќи дека историјата на самата Финска ја научила колку разорни можат да бидат последиците од војната, стои во соопштението.

На средбата присуствувале и Митрополитот Евстратиј од Бела Црква, заменик-раководител на Одделот за надворешни црковни односи на Православната Црква на Украина (ПЦУ); протојереј Александар Рошченко, парох на парохијата во Јоенсу, Финска; како и теолошкиот советник и секретар на Архиепископот Илија, Елисеи Хеикила.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img