Пимен – 20 години на епископскиот трон. Значаен јубилеј за Европската епархија

Date:

Share post:

Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, Пимен денеска одбележува јубилеј 20 години епископство. За владика на МПЦ-ОА беше избран во 2005 година, а хиротонисан на 2 октомври истата година во црквата Света Софија во Охрид.

Отец Пимен за овој јубилеј на Фејсбук сподели свој автропортрет, цртеж – 20 години епископство. Како коментар на сликата напиша: „И за сите и за сѐ!“.

Свештениците од неговата Епархија, пак му го честитаа јубилејот:

-Вашата несебична посветеност, духовна мудрост и пастирска грижа се сведоштво за живата вера и љубовта кон Бога и Неговиот народ. Две децении исполнети со труд, молитви и жртви се благослов не само за Вашата епархија, туку и за сите кои имале чест да Ве познаваат и следат Вашиот пример. Нека Господ Ви дарува добро здравје, духовна сила и уште многу години плодотворно служење во Неговата света Црква, стои во честитката.

Овие две децении како митрополит, отец Пимен направи вистински преопрод на Европската епархија, која до неговото назначување беше речиси неорганизиарана. Денес речиси и да нема делови од Европа, каде има македонска дијспора, а да нема македонска црковна општина. Во овие 20 години беа изградени неколку нови цркви во Германија, Швајцарија, Шведска, Хрватска

„Летечкиот владика“, како што некои го нарекуваат, поради неговите постојани патувања е замонашен во 1997 година, во манастирот „Свети Леонитиј“ во Водоча. Во истата година е ракоположен во јероѓаконски чин, а потоа и во јеромонашки чин од надлежниот митрополит на Струмичката епархија, Наум.

За владика е избран на синодска седница во 2005, заедно со Климент и Методиј, во исклучитено важен период за Црквата, само три години откако се случи најголемиот раскол со заминувањето на митрополитит Јован и голем број монаси. Изборот на Пимен, но и на Методиј и Климент, јавноста тогаш го доживеа како нова свежа крв, бидејќи тоа требаше да биде новата енергија на црквата, а сите тројца за прв пат стнаа владици од редовите на монаштвото, со по неколку години живот поминат во манастири.

Отец Пимен по хиротонијата во црквата Света Софија во Охрид изјави дека собирањето во оваа црква на тој ден е докажување „дека постоиме како жива Црква и народ.“

-Како жива Црква која раѓа нови епископи, нови пастири, кои како низ историја така и сега, нема да го остават својот народ како наемници, туку како добри пастири ќе бидат спремни душата своја да ја положат за овците свои, подобно на Добриот Пастир од параболата Христова. Да ја положат душата своја и со тоа да го оправдаат вашето достоен, изговорено денес тука, а и на секоја хиротонија. Ви благодарам затоа што гледајќи ве, уште еднаш ми се потврдува вистината дека епископството треба да се подразбира онака како што го подразбирал и Светиот апостол Павле кога рекол: секому бев сè та некако да го придобијам. Токму овие зборови на Светиот апостол ми го даваа оној елан сиве овие години да се трудам и овие зборови во дело да ги спроведам. Верувам дека плод на тоа е и оваа доверба што ми ја дава Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, а и вашата доверба што денес ја потврдивте со вашето присуство тука. Ви благодарам Вам, браќа архиереи, за дадената доверба и јас да се причислам кон Вас, нашите архипастири, изјави Пимен на хиротонијата во 2005 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img