Бугарски владика со водосвет го означи стартот на новата учебна година на полициската академија

Date:

Share post:

Студентите на бугарската полициска академија ја почнаа новата учебна година со водосвет и црковни ритуали извршени од Бугарската православна црква.

Ова е неколкугодишна традиција што се спороведува со активно учество на претставници на Софиската митрополија, иако уставно Бугарија е секуларна држава. Водосветот и благословувањето на знамето на академијата, годинава го изврши патријаршискиот викар, Тивериополскиот епископ Тихон во сослужение со свештеници од Софиската митрополија.

-Црквата денешниот прв ден од октомври го слави како денот на Покровот на Богородица. Голема благодарност до раководството на Академијата за традицијата да се извршува водосвет за здравје, добар почеток на учебната година и успех на професорите, студентите и целиот административно-технички персонал, бил поздравот испратен од патријархот Даниил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img