СДСМ и коалицијата по слоганот „Се бориме за нашиот дом“, ја претставуваат програмата од Пробиштип од каде лидерот на СДСМ Венко Филипче порача дека не смее да се доволи Македонија да стане приватна сопственост.
„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип.
Кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов истакна дека денес не е пред граѓаните на Пробиштип само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во сите.

