Вартоломеј се сретна со бугарскиот премиер Жељасков во Њујорк

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј се сретнал и разговарал со премиерот на Бугарија, Росен Жељазков. Средбата се одржала на 24 септември, во резиденцијата на Патријархот во Њујорк, во рамки на годинешното генерално собрание на ООН.

Мирот и солидарноста на глобално ниво мора постојано да се промовираат, е заедничкиот заклучок на Жељазков и Вартоломеј, објави прес службата на бугарската влада.

За време на средбата, Жељазков разговарал со Вселенскиот патријарх за ангажирањето на црквата во современите проблеми на човештвото, иднината на децата и заштитата на природата. Премиерот, како што стои во соопштението, ја нагласил важноста на човечките доблести и верата како поддршка и извор на мудрост.

-Вартоломеј му честиташе на премиерот Жељазков за успехот на Бугарија во приклучувањето кон еврозоната. Вселенскиот патријарх му посака успех, мир, просперитет и среќа на бугарскиот народ, стои во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img