Пимен и Иларион служеа во Љубљана за Свети Климент – верниците се поклонија на моштите од Свети Гаврил Велички

Date:

Share post:

Споменот на патронот на Македонската православна црква беше прославен и во Европската епархија.

На литургијата во Љубљана, во црквата на МПЦ-ОА, прославата беше проследена и со можност за поклонување пред Светите Мошти на Свати Гаврил Велички  – Светогорц, што ги донесе Брегалничкиот митрополит Иларин.

Иларион и Пимен отслужија Литургија за Свети Климент Охридски.

– Светата Архиерејска Литургија на која служеа архијереите, Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со сослужувањето на повеќе свештеници од епархијата, само ја нагласува духовната важност на овој ден. Покровителството на Свети Климент Охридски и Свети Гаврил Велички е силна утеха и духовен поттик за сите верници. Слава Му на Бога за сѐ!  Нека овој благослов донесе мир, љубов и радост во срцата на сите верници, а Светите Мошти Гаврил Велички да бидат извор на духовна сила и заштита за сите кои со вера пристапуваат, велат од Епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here