Епископот Тихон од БПЦ гостин во Делчево

Date:

Share post:

Два дена гостин на Делчевско-каменичката епархија бил епископот Тихон од Бугарската православна црква. Тој во Делчево дошол ден по изборот на новиот бугарски Патријарх, за кој во изјава за бугарските медиуми рече дека не е најсреќен што ќе ја води БПЦ.

Тихон сослужувал со епископот Марко во предвечерието на храмовиот празник посветен на ,,Свети Наум Охридски Чудотворец”, во Делчево, а следниот ден служеле литургија за Свети Наум Охридски Чудотворец во Делчево.

-На Светата Божествена Литургија на протојерејот Методија Дончовски пензиониран свештеник од Делчево, му беше доделен граден крст како заслуга за долгогодишната мисија и посветеност во црквата. На Литургијата пригодна беседа одржа гостинот Епископ г. Тихон, кој се заблагодари на Епископот домаќин за топлиот пречек и искажа голема благодарност за поканата. Истакна дека не се потребни зборови бидејќи длабоко во срцето ја чувствува искрената братска љубов во заедничарење со Бога. Ова за него претставува огромна чест и задоволство бидејќи неговите претци потекнуваат од с. Стар Истевник. Искажа задоволство за укажаната чест за првпат, да чиноначалствува на Света Литургијата во градот Делчево.

На крајот од Литургија Епископот г. Марко возврати со пригодни зборови посакувајќи топло добредојде, и надеж за уште многу средби и заедничко сослужување, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img