На 29 и на 30 јуни во манастирот во Слепче и во црквата Свети Димитрија во Битола ќе биде извршено канонизирањето на светата преподобнамаченичка Стефанида.
-Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија, Преспанско-Пелагониска православна црква и Манастирот „Св. Јован Претеча“ Слепче ги повикуваат верниците за канонизација на светата преподобномаченичка Стефанида. Канонизацијата ќе се одржи на 29 јуни во Манастирот „Св. Јован Претеча“ Слепче во 17 часот, на вечерна богослужба, додека пак другиот ден 30 јуни ќе биде одржана и Утринска богослужба во Соборниот храм „Свети Вмч. Димитриј“ во Битола во 7 часот, стои во соопштението од епархијата.

