Бугарскиот владика Кипријан гласаше во Охрид на бугарските избори

Date:

Share post:

Старозагорскиот митрополит на БПЦ Кипријан вчера гласал во Охрид за парламентарните и изборите за Евсопратеници, кои се одржаа во Бугарија.

Кипријан на епархиската страница објави фотографија од гласањето посочувајќи дека го искористил своето право на глас во изборната секција во Охрид.

-Гласам за подобрата иднина и благопросперитетот на Бугарија, како и за запазување на моралните основи на нашето општество, изјавил владиката Кипријан.

Старозагорскиот митрополит беше во посета на МПЦ-ОА, на покана од Дебарско-кичевската епархија за чинот на прогласување нови македонски светители.

Со Кипријан биле уште тројца од делегацијата на БПЦ, кои исто така гласале во Охрид.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img