Полаварот на Православната црква на Америка Тихон заедно со делегација од оваа црква три дена биле во посета на Всленската патријаршија. Имале среби со Патријархот Вартоломеј и членови на Синодот на Вселенската патријаршија, а присуствувале и на Богослужбите во Фанар.
Според соопштението од ПЦА темите на разговор биле различни меѓу кои последните посети на Тихон на Украина и Романија, како и прашањето за православието во Северна Америка.
Оваа посета на ПЦА на Вселенската патријарпија е исклучително интересна особено во контекст на севкупните случувања во Прабвославниот свет. Православната црква на Америка има статус на непризнаета автокефалност од најголемиот број цркви, откако за автокефална ја призна Руската црква во 1970 година. Меѓу цреквите кои не ја признаваат за автокефална е и Вселанската патријаршија.

