Претседателот на Црна Гора на средба со Архиепископот на Кипар – Со Божја помош автокефалност на црквата во Црна Гора

Date:

Share post:

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ бил во посета на Православната црква на Кипар и разговарал со Архиепископот Георгиј.

За средбата известија и Кабинетот на Милатовиќ, но и кипарската архиепископија. Интересен момент од разговорите било прашањето за автокефалност во Црна Гора. Како што пренесува „ортодоксијањузагенси“, кипарскиот Архиепископ изразил надеж црквата во Црна Гора да стане автокефална.

-Црквата на Црна Гора се уште не е автокефална, а мислам дека се што важи меѓу сите други православни, постои и меѓу нас. Кога, со Божја помош, ќе станат автокефални, тогаш нашите односи секако дека ќе имаат понатамошен развој, изјавил Кипарскиот Архиепископ, пренесува „ортодоксијањузагенси“.

Претеседателот на Црна Гора и Архиепископот разговарале и за состојбите во православниот свет и напорите за членство на Црна Гора во Европската Унија.

-Имавме многу интересен разговор за прашањата, кои го засегаат православието воопшто, но и за нашето национално прашање, како и за нивниот напор да бидат примени во Европската унија. Ова беше многу добар разговор, изјавил Архиепископот Георгиј.

Претседателот на Црна Гора преку неговиот профил на социјалната мрежа X, сподели детали од средбата.

-Во предизвикувачките геополитички моменти, со кои денес светот се среќава, зајакнувањето на дијалогот и подоброто разбирање меѓу народите се клучни предуслови за изградба на траен мир, на што сите мораме да бидеме посветени, вели црногорскиот претседател.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img