Реосветена единствената црква посветена на Свети Јован Владимир во Македонија

Date:

Share post:

Во присуство на голем број верници беше реосветена црквата Свети Јован Владимир во Подгорци. Чинот на реосветување го изврши Митрополитот Тимотеј , на празникот посветен на Свети Јован Владимир.

Ова е единствената црква во земјава посветена на светецот и се наоѓа во струшкото село Подгорци.

Црквата била изградена по иницијатива на мештаните од село Подгорци на старо вакавско место. Почната е со градба 1924 година, а завршена е една година подоцна во 1925 година кога била и осветена. Истата година е направен и иконостасот.

 

/ohridnews

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img